здравствен (прид.) - преглед (имн.)

До проширување на опсегот на здравствената контрола на 95 која мора да бидат подложни работниците дојде со изменувањето и дополнувањето на ЗБЗР од 19.02.2013 година, според кој здравствениот преглед на работниците опфаќа и анамнестички податоци, статус по системи и антропометрија, односно тука се мисли на проверка на телесната маса, телесната висина и индекс на телесна маса, основни лабораториски анализи и тоа седиментација, крвна слика во која проверка спаѓаат еритроцити, хемоглобин, хематокрит, леукоцити, гликемија, холестерол, триглицериди, урина, шеќер, протеини, билирубин, уробилиноген, седимет, испитување на функција на видот како што е острина на видот на далечина и во близина, аудиометрија, спирометрија, ЕКГ, како и радиофотографија на граден кош која контрола се спроведува само по одлука на лекарот. (чл. 1 од ЗИДЗБЗР/19.02.13)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Проширено е правото на работникот да одбие извршување на ра- бота кое го вклучи и правото така да постапи и во случај ако прет- ходно не биде информиран за сите можни опасности и штетности, или ако работодавачот не му го обезбеди пропишаниот здравствен преглед, воведена е обврската за информирање на вработените за секој вид на ризик на работното место, а е пропишано и дека работодавачот мора да обезбеди здравствени прегледи за вработените најмалку на секои 18 месеци.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со новиот закон за заштита при работа е пропишано дека рабо- тодавачот мора да обезбеди здравствени прегледи за вработените најмалку на секои 18 месеци (чл. 22, ЗБЗР).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
•  2007: проширување на правото на работникот да одбие извршување на работа со вклучување и на правото така да постапи во случај ако претходно не биде информиран за сите можни опасности и штетности, или ако работодавачот не му го обезбеди пропишаниот здравствен преглед (Закон за безбедност и здравје при работа);
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сепак, подоцна, при самото склучување на договорот, кандидатот не е должен да достави доказ за здравствената способност – освен ако работодавачот, и тоа на своја сметка, не го испратил на здравствен преглед (чл. 25, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сепак, новиот закон, покрај тоа што го задржува правото на работникот да одбие извршување на работа, ако биде изложен на непосредна опасност по здравјето или по животот, го содржи и правото така да постапи и во случај претходно да не биде информиран за сите можни опасности и штетности, или ако работодавачот не му го обезбеди пропишаниот здравствен преглед (чл. 45, ЗЗР и чл. 39, ЗБЗР).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
•  2007: пропишување обврска за работодавачот да обезбеди здравствени прегледи за своите вработени најмалку на секои 18 месеци с (Закон за безбедност и здравје при работа);
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Оваа одредба е значително подобра од одредбата од ЗЗР, бидејќи според одредбите на стариот закон, прво, опфатот беше помал (имено, ги опфаќаше само работниците кои работат на работни места под посебни услови) и, второ, не беше предвиден рок со кој би се пропишувало на кој временски интервал би се вршеле здравствените прегледи (чл. 34, ЗЗР), а со тоа им се оставаше можност на работодавачите да не ги почитуваат овие одредби од законот. 137 Исто така, во новиот закон за прв пат се регулира безбедноста при работа на локација каде работат два или повеќе работодавци.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Потоа, пропишана е обврска за работодавачот да обезбеди здра- вствени прегледи за своите вработени најмалку на секои 18 месеци и проширено е правото на работникот да одбие извршување на работа со вклучување и на правото така да постапи во случај ако претходно не биде информиран за сите можни опасности и штетности, или ако работодавачот не му го обезбеди пропишаниот здравствен преглед.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Известувањето, покрај општите податоци, содржи и краток опис на настанот и неговите последици (чл. 36, ЗБЗР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Нарушувањето на здравјето при работа не смее да влијае врз платата на вработените ниту да ја повреди нивната економска и општествена положба (чл. 16, ЗБЗР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Вработен има право да одбие извршување на работа доколку претходно не е информиран за сите можни опасности и штетности, или ако работодавачот не го обезбеди пропишаниот здравствен преглед.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работодавачот е должен да води евиденција за: а) стручното обучување и оспособување на вработените за безбедна работа; б) извршените прегледи на средствата за работа; в) спроведениге испитувања на физичките, хемиските и биолошките штетноста и на микроклимата во работните и помошните простории, односно на работните места; г) претходните и периодичните здравствени прегледи на вработените и д) професионалните болести, заболувањата во врска со работата, повредите при работа и смртните случаи при работата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)