А според ЗРО – сите мерки предвидени со овој или друг закон, како и одредбите на овој или на другите закони, колективните договори и договорите за работа кои се однесуваат на посебната заштита и помош на определена категорија на работници, а посебно на оние за заштита на инвалидите... не се сметаат за дискриминација, ниту смеат да бидат основа за дискриминација (чл. 8, ст.2sq од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Сепак, подоцна, при самото склучување на договорот, кандидатот не е должен да достави доказ за здравствената способност – освен ако работодавачот, и тоа на своја сметка, не го испратил на здравствен преглед (чл. 25, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Па така, според чл. 3 од Законот за изменување и дополнување на ЗИТ, се менува чл. 8 од ЗИТ и инспектор може да биде лицето кое ги исполнува следните услови: да е државјанин на Република Македонија, да е полнолетно, има општа здравствена способност, не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење на професија, дејност или должност, има стекнати најмалку 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен, машински, градежен, архитектонски, електро, технолошки факултет и факултет за заштита при работа, што се докажува со уверение, лицето да има пет години работно искуство во струката по дипломирањето, ги исполнува другите услови утврдени во актот за систематизација на работните места, поседува меѓународно признат сертификат за работа со компјутерски програми за канцелариско работење и тоа еден од следниве: 1) Certiport: IC3 GS4 Key Applications положен; 2) Microsoft: MOS Word или MOS Excell - положен или 3) ECDL: Core - положен, а притоа има добиено и позитивно мислење за соодветност за работното место преку полагање на психолошки тест и тест за интегритет согласно со прописите кои се однесуваат на државните службеници и има лиценца за инспектор од областа на надлежноста на инспекциската служба.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Инвалидот кој е оспособен за одделни работи, се смета дека има здравствена способност за 145 склучување на договор за вработување за тие работи (чл. 19, ст.3 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Пополнувањето на работно место на давател на јавна услуга може да се изврши преку вработување или мобилности преку распоредување или преземање (чл. 11 од ЗИДЗЈП/фев.14), а кандидатот треба да ги исполнува следните услови: (1) да е државјанин на РМ; (2) активно да го користи македонскиот јазик; (3) да е полнолетен; (4) да има општа здравствена способност за работното место и (5) со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност (општи услови), а покрај овие услови кандидатот треба да ги и исполни и посебните услови: (1) да има соодветни стручни квалификации потребни за работното место; (2) да има соодветно работно искуство потребно за работното место и (3) да поседува соодветни посебни работни компетенции потребни за работното место (чл. 12 од ЗИДЗЈП/фев.14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)