Оваа определба на толеранцијата ни разјаснува зошто Французите и Италијанците јавните куќи ги нарекуваат “куќи на толеранцијата” (maison de tolѐrance, casa di tolerance): во овие куќи не се прави ништо добро, добро е само тоа што јавното иживување на приватните изопачености е ограничено само на одредени “јавни” куќи - ниту словенечкиот/македонскиот израз не е неутрален.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Толеранцијата е во тој случај пермиссио негатива мали, негативно прифаќање на злото, како што ја определи Summa Juris Publici Ecclesiastici (Capella, 1928).
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Од гледиште на морален апсолутизам можеби најзначајната причина за толерирање е злата оцена дека тоа зло е неизбежно без оглед на нашето однесување или дека прифаќањето на некои облици на негово изразување е помало зло.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)