Во Париз претставува своевидно доживување да се посетат неговите цркви, кои се стари стотици години и затоа секоја од нив е споменик, колку значаен за историјата толку и за уметноста, зашто навистина секоја од нив има своевидни знаменитости.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Освен оние закони кои директно ги тангираат работничките права, ќе бидат обработени и останатите закони кои во себе влучуваат одредби значајни за остварувањето на правата од работен однос.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Бев пријатно изненаден од неговите зборови: - Старова, со интерес ги читам вашите телеграми од Тунис. Тие се значајни за сите нас.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во еден период, Камилски, кој повеќе од сите други во Архивот, а може да се рече и пошироко, може да ја оцени вредноста на сиџилите и улогата на Татко во нивното откривање и обработување, во момент на восхит, откако прочита еден султанов ферман, значаен за расветлување на балканската историја, восхитено му рече на Татко: Во сиџилите почива времето!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)