Идејните контексти се прилагодливи и можат да експериментираат со најразлични комуникациски системи, произлезени од најразлични технолошки иновации, но освен апликативната детерминираност ниту еден комуникациски и технички систем не може нисто да му понуди на уметничкиот идеен контекст.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Во таа смисла уметноста која би се развивала во сајбер просторот, то ест во виртуелната реалност, би се соочила со истите оние проблеми со кои се соочуваше и уметноста на пештерскиот човек и уметноста на сите генерации по него заклучно со нашата генерација, а тоа е идејниот контекст, стилскиот и амбиентален дизајн, референцијалната потенција, интерактивната стратегија итн.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Еволуцијата на науките и технологијата иницира нови медиски системи кои можат да го асимилираат во себе уметничкиот експеримент и исказ, но тоа не значи дека тој уметнички исказ нема да има идеен контекст.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Всушност, кога Јан Ван Ајк би сликал и со урина и измет, резултатите би биле исто така генијални, но паметниот Јан ван Ајк и брат му Хјуберт ги користеле своите најдобри можности - и гледај ги тие фантастични ремек дела во кои ингениозноста на шармот се натпреварува со генијалната длабочина на идејниот контекст на тие умови...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)