изборен (прид.) - единица (имн.)

Во неколку изборни единици, како што е бр. 87 (која ги опфаќа окрузите Бери и Јонија во Западноцентрален Мичиген), каков став да се заземе кон предметот стана средишно политичко прашање на републиканските внатрепартиски избори за пратеници од државата.29
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На изборите победи коалицијата “За подобра Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која освои 44 пратенички мандати.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 5 јули 2006 се одржаа петтите парламентарни избори според пропорционален модел, во шест изборни единици.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Не очекував само дека партијата на власт ќе бара еден вид услуга: откога ќе се заврши водоводот, јас да сум бил кандидат за пратеник за наредните избори од изборната единица во која влегуваше и Маказар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Маказар е во изборната единица број 24 и, бидејќи доаѓаат изборите за Парламентот, иако датумот уште не е одреден, историјата на местото ја поврзав со сегашноста, со карактеристиките на изборната единица и со можностите на политиката во овој реон.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)