Шабтај се сети дека таа песна не се пее за Ханука, туку за празникот Песах, а потоа зауши дека нејзината мелодија се меша со нови и нови, сериозни, тажни и весели созвучја од псалми и радосни песни што се пеат по повод различни празници во домовите и по синагогите на иврит, на јидиш, на ладино, на германски, на арапски, на грчки и воопшто, на сите јазици на кои говореле припадниците на избраниот народ на Создателот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Зарем светот не е таков создаден од Бога? Зарем Книгата не е полна со важни личности и со безименото мноштво, со првенци и со оние другите, останатите, безименото множество, со патријарсите и со нивното масовно човечко стадо, дури и во самиот состав на избраниот народ...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Дури и сега срцето му се стегна од страв или од срам од своите, Евреите, оние што себеси се сметаа за избраниот народ, кога се сети на Ерусалим.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Каде е сега? Меѓу предводниците? Се разбира, затоа и е тука. Не, не е подведен меѓу послушниците.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Избраниот народ ја бара ветената земја за себе и своите поколенија бродејќи долги години низ пространствата од Африка до Мала Азија.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Оној кој им беше водство и утеха во овие четириесет години талкање, оној што го изведе нивното избавувањето од египетското ропство, оној што имаше од бога пренесена моќ, само со допир од својот пастирски стап да ја окрвави цела, големата река Нил; оној што на моќниот фараонски Египет му донесе божји казни и несреќи, тој што по волјата божја го отвори длабокото море и на неговото дно направи пат за безбеден премин за својот народ, првиот патријарх на јудејското племе, оној од кој почнува бележењето во светите книги, тој што во деновите на талкање и глад се помоли за спас и го нарани избраниот народ според божјата благодат со мана, чудесна храна што бог ја истури од небото и, на крајот, оној што го доведе својот народ до ветената земја, а самиот не дочека да стапи во неа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Го гледа заветниот ковчег сместен во светиот шатор, тој симбол на номадскиот живот на избраниот народ и не може да се насити од таа глетка од која му поминуваат трпки низ телото зашто знае дека во Арката престојува самиот единствен и возвишен Бог.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)