„Овој шарлаган е од афионово семе и од сусам. Измачкај го со него.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
8 Чудовиштето - тоа, значи, било: по нив се влечел со упорност на гасеница мирис на изгорено месо, не мирис што се чувствува со влакненцата на ноздрите и не што се згруднува в грло, сладникав, мек и сепак подвижен залак, туку оној што се закопува во горчливиот мрак на срцето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Земјата мириса, рекол некој Гидеон Кузмановски за себе. - Бара орачи а не колачи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„За неговото изгорено месо сега е лек крв од желка. Може и крв од лилјак.“ „Да му дадеме да се напие вода?“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)