Клара молчеше. Следниот ден му предложи на доктор Гете, наместо да го слушаме секоја прва сабота во месецот да ни објаснува за нашите болести, ние да зборуваме за нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тој доби информација дека се има отстапено од првичниот технички проект, иако уште пред две години било донесено цврсто ветување од сите надлежни институции дека Депонијата ќе биде изградена според сите светски стандарди за безбедно депонирање на комуналниот отпад.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Да го прашав брат ми, тој би можел да ми каже дека лудило е кога човековото Јас несвесно си создава нов, истовремено надворешен и внатрешен свет; а дека тој нов свет е изграден според желбите на несвесното, па причината за тоа раскинување со надворешниот свет е сериозната и наизглед неподнослива спротивставеност на реалноста и желбите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)