Не беше лесно, сине, по толку изминати векови, да се донесе одлука, во името намногу непознати предци и на потомците, одеднаш, да се замине...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Водачот, со јасно историско чувство за првата држава на неговиот народ што се формираше на овие простори по Втората светска војна, веруваше дека таа, колку и да беше резултат на геостратешкиот расплет и на согледбите на федералниот водач, мораше да ја шири вистината за својата земја и за својот народ и врз автентичните сведоштва од изминатите векови.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Кон силните лични пориви и мотиви да трага по тајните на своето семејство, кои се криеја во сиџилите, се надоврзуваше и барањето на новата држава, преку Институтот и преку архивите, да се протолкуваат клучните документи за навлегување на историската наука во изминатите векови.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Има нешто свето во нив, кога и глувци не ги изеле во текот на изминатите векови. Поинаку и не може да биде.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Добро знаеше дека, на Запад, за време на петте изминати векови, се испишани неброени библиотеки од книги со вистини, животот се пластел во монументални институции со видливи континуитети во времето.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Иако во раните години на деветнаесеттиот век оваа дејност беше ценета и се сметаше за сериозен и корисен метод во процесот на истражување и обликување на стилот на писателот, многу повеќе отколку што тоа било пракса во изминатите векови, постоеше уште една струја со тенденција да направи пресврт во статусот на преведувачот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Таа проповеда презир спрема работничката класа, беспримерен во изминатите векови, а ги облекува своите членови во униформи - комбинезони, кои своевремено беа типични за физичките работници и кои токму затоа и беа прифатени.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Завршуваше и пледоајето за овој симбол на османското единство и владеење во текот на изминатите векови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Откако Камилски изнесе дека заемката севап во турскиот јазик (sebep), потекнува од арапскиот thehwab, во бугарскиот е присутен како себеб, во српскиот како себап, во ароманскиот како sibebi, во албанскиот како sebep, истакна: Како ретко кој два спротивставени поими инаетот и севапот можат да го објаснат менталитетот на homo balkanicus во текот на изминатите векови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На инаетот и неговите деривати како злобата, зависта омразата, се спротивставува севапот, со неговите деривати како чувството на возвишеност, добрина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко и Камилски требаше конечно да се изјаснат и за баклавата дали ќе заземе место во нивната конечна листа за (без)-опасните османизми, чиешто конечно составување претстоеше.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
(Маркс и Енгелс беа само доблесни филозофи на еден изминат век.)
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)