— Стана ли, Петре? — Стана, дедо попе, токо ... да ми прошчаваш, коа се позадоцни воа сабајле! Знајш, како изморен и стар човек. ..
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Распарлива воздишка ѝ поду и ѝ развали гради, се испомешаа мислите, а измореното и истоштено срце трепери, замрува, се стега во болката на очајот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Господи, кога сиот ваш пат до Костурницата ми прошета низ главата речиси ќе фркнев од болка, а потоа, онака малаксана и изморена и немав што друго да сторам па отидов до иконата и се прекрстив. Веројатно од благодарност.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Една непозната недоверба во убоитоста на својата пушка, во вредноста на своите раце, против која не помагаше дури ни тоа, што сега беше изморен и сакаше да спие, решен уште утре да изнајде сѐ загубено од себе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Го гледаа како се слеа со полето, како потона во таа ноќ, како се спушти и над него тој нејзин плашт од сината месечина; гледаа кон таму се додека беше возможно да се забележи барем некое најмало движење на она место, каде што се искри од нивните погледи во темното зеленило, а после сите молчејќи се враќаа во своите легла, изморена и претепани.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Доста, - повтори, - страшно сум изморен и ќе ве молам оставете ме малку да спијам.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Го обзеде самосожалување, повредувајќи му ги изморените и закрвавени очи.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
8. Попладне се врати од плажа изморен и гладен, без динар в џеб, се врати во градот и во себе си, како што се враќаат јагулите на мрестње во една вода.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)