Сепак ги носеа обележјата на нивното велможје, ги славеа боговите кои населуваа сосем инаков свет од овој, ги пееја старите песни со зборови, кои, архаични, им се чинеа како цврста залога на некогашната моќ.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Вест која радува:
младост на обликот (Модилјани)
ластерки на личотијата од нов вид
- а прстите на цветаева невидливи
врз тилот на долгата жешка зима –
мимика на притивнат протест
сѐ-на-сѐ
антиграматика на очајот
- спознај се самиот себеси
и уште (асоцијации за вратот)
теснец кој пулсира – притеснета надеж
клисура во која одекнува контрабас
а мажите аргонаути, крзнољупци
верници од инакви светови
не се откажуваат од потрагата:
влезот во жената е бескрајно долг
да биде волјата ваша
слободна!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)