Тие имаат вредност за утврдување на тематската генеза, на општата наклонетост на предвоената македонска литература за национален, културен и интелектуален идентитет.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Поради особено важното место коешто Крлежа го зазема во тоа културно наследство, поради неоспорниот углед што го има Станко Ласиќ како општопризнат првокласен хрватски интелектуалец, поради несомнената упатеност на критичарот Висковиќ, но и поради нескриеноста со која се врши манипулација со тоа наследство (во истото интервју на Висковиќ дознаваме дека мислата на Крлежа е вградена во програмските темели на владеачката партија, а исто така и за идејата на Виктор Жмегач за чистењето на Крлежа од политичките импликации во неговото дело), Ласиќевото промовирање на починатиот Крлежа во советник на Туѓман станува дрзок предизвик за цела една генерација која во критичкото пресметување со традицијата и со нејзините самопрогласени чувари и толкувачи допрва мора да се избори за својот сопствен интелектуален идентитет.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)