Тој редовно ќе нѐ прашаше дали сакаме клакер или лимонада, а откако Рашела ќе ме погледнеше право в очи и ќе одговореше одречно од името на двајцата, тој ќе ја ставеше својата крупна рака на нејзината глава, ќе ја погалеше по густата сјајна коса, нежно ќе ја лизнеше раката по образот на ќерка си и ќе останеше така, со блага насмевка на лицето, загледан со своите, во тажниот одраз на нејзините длабоки, интелигентни очи.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)