За прецизните сугестии за надополна и уточнување на последната проза од оваа книга, длабока благодарност им должам на д-р Исак Нехама, ветеран од Втората светска војна и активен волонтер на Музејот на холокаустот во Вашингтон, како и на г. Роберт Бедфорд, извршен директор на Фондацијата за унапредување на сефардските студии и култура.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Удоволувајќи им на моите фактографски интересирања за сложената материја што се нафатив да ја обработам во оваа книга, г Кунио ми испрати неколку исклучително значајни книги, што претставува великодушен гест за кој му должам искрена благодарност.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
ХРИСТОВ: (Со искрена благодарност.) Ви благодарам, Ви благодарам... Господин Луков. (Повторно трга, но запира. Сака нешто да каже, но не успева. Излегува.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)