ист (прид.) - му (зам.)

При разговорот на Черчил со раководителот на СОЕ, Далтон, непосредно пред неговото заминување во Каиро, истиот му рекол дека негова задача е да ја „запали Европа“.6 Едно од прашањата кое претставувало посебен проблем за СОЕ било како да се регрутираат луѓе за работа во СОЕ од земјите на Балканот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
По начинот на кој ја држеше чашката можеше да заклучи дека истата му е најверен пријател и другар.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не ѝ одговри и кога другпат истото му го рече.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ја прочитала твојата пиеса „Фалцот на змијата“ и веќе на широко раскажува дека е многу добра и за истото му кажала на директорот Стефан Јанков и тој сега сака да разговара со тебе.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тој тврдеше дека тие имаат писмо, што го изрежуваат на дрво и дури ми покажа парче бело дрво со прикажани, не знам, дали зборови или одделни букви“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Притоа, треба да се рече дека Ал Недим бил добро запознаен со неколку системи на писмо и течно говорел неколку јазици, така што секако би го препознал писмото, ако истото му било познато.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но, поради овие неплатени години од стажот, тој не може да го оствари своето право на пензија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По ова, Анчевски, како член на синдикатот уште од почетокот на вработувањето, заедно со другите вработени – членови на синдикатот, се информираше за неговите работнички права и што може тој да преземе доколку истите му бидат прекршени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)