Дончо ( Тета Чана го викаше Доне) не изгледаше дека е роден во иста година со неа, дури и во ист месец, ама не и во ист ден (само близнаци можеле да се родат во иста година, во ист месец и во ист ден), оти тој беше уште еден нејзин бој повисок, два пати поширок во грбот, а за главата и да не се зборува - тетка Чана му велеше дека има шиник глава!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
На 6 април Грција беше нападната и од Германија, а на 28 истиот месец грчката војска потпиша капитулација.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Истиот месец, меѓу фирмите „Центро“ и „Јасмина“ беше склу чен и писмен Договор за франшизинг бр. 0203-964.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А кога тие, неговите клетви и молитви секнаа, (точно на годината откако бил извршен злосторот и точно во истиот месец, во време вршење) ден, два, потоа, во ливадите во Три Дабје се јави еден глас; беше среде ноќ, беше јасна месечина, туку грмна, како од земја да изникна, дотогаш на никого непознат во Потковицата: Море огреала, огреала јасна месечина, море што е време, што е време коњи за крадење, моми за љубење.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тоа ќе биде и твој хороскоп, човеку, зашто не е случајно што е тој тука до тебе, кога и двајцата сте родени во ист месец.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Меѓу оние најхрабрите, кои се одлучија за прифаќање на франшизата, се најде и Јаневски.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
3 Ваквиот начин на работа не беше присилно даден на вработените, туку секој кој сакаше можеше да ја прифати или да не ја прифати оваа опција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)