ист (прид.) - прашање (имн.)

И постојано си го поставувам истото прашање дали ќе брзав да пораснам, ако знаев дека толку многу ќе ми недостасува патот од Мичурин до Градскиот парк на рускиот велосипед и топлиот здив на дедо ми во мојата разлетана коса? In memoriam Дедо ми Борис Кривошеев секогаш кажуваше дека за жената смртта е награда во споредба со тоа да биде силувана или да ѝ го убијат синот!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кога сфативме дека таа овој пат нема да се врати (татко ми и сестра ми малку пред мене) почнавме да разговараме за тоа што нѐ мачи. За неа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
„Небото е како на изминатиот Сукот“, констатира и се сили со таа констатација да ги истисне постојано истите прашања, чувствувајќи дека е подобро да мисли на минатото прославување на Празникот на колипките, кога во дворот, заедно со татко ѝ, го чествуваа сеќавањето на Мојсеј и на четириесетгодишното талкање до Ветената земја и осум дена јадеа и пиеа во нивната сука 2, колипката од гранки низ чиј покрив мораа да се гледаат ѕвездите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не помислувај дека господарот на говорот ги испратил зборовите во прогон Секое утро те расонува истото прашање: како ќе оконча приказната што ти не ја пишуваш туку животот?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Истото прашање често си го поставуваат и двајцата.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
И одново, се поставуваат истите прашања. Зошто овие реплики? Зошто оваа сцена?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мисли ли комитетот оти ако тој сака да го игнорира прашањето за јазикот во разни делови на фантазираната, барем сега за сега, автономна Македонија, го игнорираат истото прашање и заинтересираните балкански народности, особено Србите?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На истото прашање, самиот одговара: „Ја гледам мојата баба како долго, долго си ги брише прстите од престилката пред да ја земе во рацете мојата ученичка книшка“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но, она што нас нѐ интересира е: Дали Флоренс, ако била жена на писателот на пиесата или на режисерот, би му го поставила истото прашање?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На истото прашање, мојот одговор не би одел подалеку од глетката на Хандке.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Зошто своето воле не го помилува со нож, Онисифоре?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој секогаш ист глас на проклетиот Онисифор Проказник, ни покорен ни предизвикувачки, глас со една смисла - да се разбере што се зборува а не како се зборува, го слушал пред тоа во себе и точно со истото прашање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога му го поставивме истото прашање од почетокот на статијава за потребата од нови фонови, тој одговори: „Денот кога веќе нема да ни се потребни нови фонтови, ќе биде истиот ден кога нема повеќе да ни требаат нови приказни и песни.” извор: Print превод: Сања Фрковиќ Маргина 36 183 184 okno.mk Постои чудна нерамномерност во проучувањето на пишуваниот јазик: некои негови видови, како што се историјата на алфабетското писмо, научниците со генерации грижливо ги испитуваат; некои други видови, како што се психолошките процеси врз коишто се засновани читањето, пичувањето и правописот (во смисла на графичко претставување на одредени гласови), станаа предмет на сериозно проучување дури во осумдесеттите години.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
А кога беше слободен, те копкаше во суштина истото прашање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не еднаш си го поставуваше истото прашање: дали тој можеше нешто да измени во сè што се случи и што ги раздели?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во секој случај, обајцата поставуваат исти прашања.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Бојата на неговиот глас, лажната сериозност и прикриената потсмешливост беа како кај другиот кога и го постави еднаш истото прашање.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се бави со истите прашања што се поставуваат во индустриската револуција и постојат и денес - кога градовите и индустријата се издигнати на ранг на феномени.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
По половина час истите прашања а јас истиот одговор, се разбира само еден, а тие мене - втората чаша со масло.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И ми се чинеше дека истото прашање го поставуваат за човекот што стоеше под бандерата сите оние од котлината на смртта од истурените шатори, оние што со наведнат поглед погледнуваа накај столбот, носејќи ги на врвот големите камења по патеката со расфрлени парчиња бодликава жица, тапкајќи по неа со боси стапала, и оние кои папсани ги трпеа ударите со кундаци и челични камшици.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Малку подолу ја сретнувате и втората дама. Ѝ го поставувате истото прашање, но наместо одговор, таа ви подарува четирилисна детелина.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Дури и продавачот му го постави истото прашање.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И кој знае колкупати си го поставува истото прашање: - Кој ли го измислил ова зло – убивањето? – дали некој ќе го искорени?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Братучедите се вратија назад на сламата зачудени од исто прашање што не умееја како да го искажат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Истото прашање често си го поставуваат и двајцата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- А, ти, постојано го поставуваш истото прашање.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не сфаќаш дека си здодевна?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)