Билансот на владите предводени од СДСМ во однос на работничките права Во време кога на власт беа коалициите предводени од СДСМ дојде до следните позначајни намалувања на работничките права: • 1993: укинување на обврската за осигурување на приправниците кои вршат волонтерски работи (Закон за работни односи); • 1993 и 2005: намалување на времетраењето за коешто отпуштениот работник како технолошки вишок имаше приоритет при вработувањето кај истиот работодавец (Закон за работни односи); • 1993, 1997, 2003, 2005 и 2006: драстично намалување на времето за кое се исплатува паричниот надоместок за невработените лица (Закон за вработување и осигурување во случај на невработеност); • 1995: воведување можност за отказ без отказен рок (Закон за работни односи); • 1995: намалување на должината на отказниот рок (Закон за работни односи); • 1997, 2003 и 2005: намалување на износот на испратнината за лицата прогласени за технолошки вишок (Закон за работни односи); 194 • 1998: воведување на можноста за намалување на деветмесечниот период на породилно отсуство (Закон за работни односи); • 1998: овозможување со колективен договор на ниво на работодавец да се пропишуваат помали права од правата утврдени со грански колективен договор (Закон за работни односи); • 1998 и 2005: воведување и зајакнување на субјективните преференции на работодавецот при одлучувањето кои работници ќе бидат отпуштени при технолошки вишок (Закон за работни односи); • 1998: укинување на судската заштита при прогласувањето технолошки вишок (Закон за работни односи); • 2003 и 2005: пролонгирање на времетраењето и опсегот на работниот однос на определено време (Закон за работни односи);
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Мало ублажување претставува одредбата според која под работен стаж кај ист работодавец се смета и работниот стаж наполнет кај претходниот работодавец на кој, поради настанатата статусна промена, правен следбеник е последниот работодавец (чл. 10, ЗИДЗРО/апр.03).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Помалата промена се состои во ограничувањето на можноста за стручно оспособување, преквалификација и/ли доквалификација само за вработување кај друг работодавец (додека претходно важеше и за работа кај истиот работодавец).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
При тоа, задолжително требаше претходно да се обезбеди мислење од синдикатот, кој беше активно вклучен во целата постапка (чл. 11-12, ЗРО/90). б) во 1993 се избриша и експлицитната одредба која велеше дека откако работникот, кој бил прогласен за технолошки вишок, веќе при- мал двегодишен паричен надоместок – потоа, во наредните две годи- ни (што значи, сè на сè четири години) – ќе има предимство при вра- ботувањето кај истиот работодавец.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)