Судечкиот судија (Х. Илјази) прво донесе решение со кое овој предмет на четворицата активно легитимирани сопарничари од Скопје, меѓу кои беше и Р.М. – заведен под П.бр.574/96, го спои со предметот П.бр.139/96 на уште шестмина скопјани, кои уште од порано тужеа за истата правна работа
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, бидејќи претходно таа веќе беше паднала во немилост на нејзиниот директор – и покрај тоа што на дел од останатите работнички кои беа напуштени по истиот правен основ, им беа исплатени испратнините кои законски им следуваат – тоа, од неразбирливи причини, не беше сторено и во случајот на Триманова!?7 По ова, таа прави обид настанатиот спор спогодбено да се разреши – на трипати, во придружба и на нејзиниот сопруг, се обраќа до сопственикот којшто истовремено е и менаџер на акционерското друштво.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Претходно, ЗТПОК од 1993 година пропишуваше дека со денот на престанувањето на претпријатието за вработените настапуваа исти правни последици како и при отворањето на стечајната постапка (чл. 79, ЗТПОК/93).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во судскиот процес пред Основниот суд – Гостивар, како првостепен граѓански суд, тужителите-сопарничари2 беа договорно застапувани од полномошник – дипломиран правник (Н.Алексиевски) од Синдикатот за здравство при ССМ, а истиот овој синдикат се понуди и да ја плати првичната судска такса за тужбата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Понатаму, важна одредба на ЗТПОК од 1993 година е онаа со која се пропишува дека штом претпријатието престанува по основ на трансформација со продажба на сите негови средства, за вработените настапуваат исти правни последици како и при отворањето на стечајната постапка.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во меѓувреме, покрај тоа што на фирмата почна слабо да ѝ оди пласманот на својот асортиман и да назадува зад конкуренцијата на пазарот, настануваат и одредени внатрешни превирања и поделби на вработените на неколку табора.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Иако во рамки на претпријатието МК „Стоби“, барем на хартија, имаше основано и регистрирано синдикат, неговото неактивно раководство замижуваше пред ваквите неправди и беше сосем безгласен во заштита на правата на тамошните работници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)