Од овие причини упатував на Бојс како на уметник со визија за иднината како ретко кој друг.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Иако Бојс не ги искуси доцните 80-ти, неговите алтернативи антиципираа одредени историски моменти и сѐ уште се валидни.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Се разбира! Наместо тоа, денес гледаме како трендот на национализмот дрско се враќа во минатото.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
А К.Мисирков, не само како член – основач и еден од раководителите на една значајна филијала на ТМОРО во Петербург, туку и како личен учесник и набљудувач на овие настани, имаше морално право и општествена одговорност да го изнесе своето мислење за најважните прашања во тој историски момент.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Вистина, не секогаш доследно и отворено, во зависност од околностите и целите што беа диктирани од историскиот момент, но секогаш со истиот интерес и основен став кон средновековната историја на Македонија од 19 век.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ф.Мајер ќе додаде дека „склоноста кон утопија низ вековите може да се објасни како природна склоност на човекот да се воздигне над историскиот момент“.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Имагинацијата, тврди Ајнштајн, е позначајна од знаењето.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
КУРТА: Во историски моменти нема ѕидови.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Делото на Хајдегер, на Мерло-Понти ( Merleau - Ponty,1968), Гедемер (Gadamer,1976) и други феноменолози кои го разработија неговото сфаќање (види Palmer, 1969), потврдија дека човековата мисла и човековите постапки се формираат на длабочини во кои не можеме да проникнеме со јазикот, обичаите и општествените институции во одреден историски момент.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Мислата за завршетокот на метафизиката во одредена смисла е анахронистичка, што значи, не може да се вклопи во некој историски момент.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Уморен од важниот историски момент, префрлив на ВХ1 Класик. А таму: милина!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
колку патрони чеиз му донесе на Горачинов, ми велат, да имавме ракија, вели Горачинов, ќе ве викневме на блага ракија, и ќе фрлавме пушки, вели, свртете на друго, вели Ристо Коларов, здравувајте нѐ в образ, бацете ни рака, вели, не го погоди моментот, вели Горачинов, историскиот момент, ова не е свадба, туку свадбено патување, вели, дури си млад сѐ можеш да кажеш, што се вели, сѐ ти се може и сѐ ти прилега, и јас гледам како се стемнува и како цело небо ни слегло во морето, сосе ѕвезди и сосе месечина и си мислам дека сме тргнале по небото, сме се закренале на некоја пловидба меѓу ѕвездите, целата сум зашумолена и пренесена некаде, некоја голема умора ми се обесила на клепките, ми натежнала во коските, нешто гледам, а повеќе не гледам, како до половина да сум заспана, завлезена во сонот;
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Основните креатори на овие политички системи беа големите сили, кои во историскиот момент на нивното дејствување се сметале за „големи“, влијателни и супериорни сили во меѓусебните односи со другите држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Напротив, тоа непосредно нè доведува до темелните проблеми кои одлучувачки го обележуваат општествениот живот и историскиот момент на Хрватска.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Во Европа улицата живее само напати, во историски моменти, револуција, барикади.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Во Америка улицата можеби и немала историски моменти, но таа е секогаш раздвижена, витална, кинетичка, и кинематичка како и самата земја, во која историската и политичка сцена малку значи, но во која жестокоста на промените е огромна, било тие да се хранат со технологијата, со расните разлики или со медиумите - тоа е самата жестокост на начинот на живот. okno.mk | Margina #10 [1995] 65
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Албанија не ги подотвори границите, не го искористи историскиот момент да се отвори кон слободна Европа. Таа уште повеќе се затвори.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)