истражен (прид.) - затвор (имн.)

Еднаш, при посетата во Истражниот затвор ми рече: „Зошто доаѓаш?! Те испраќа ли некој кај мене?“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Туку него, откако како лимон го исцедија во истражниот затвор и му изнудија такви признанија за кои ни во најлош сон не си замислувал дека ги заслужил, едноставно - а што значи без секаква пресуда - го префрлија во статуционарниот и институционален затвор на периферијата од градот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Бев шокиран од споменувањето на името на улицата Хане, улицата каде што се наоѓа и денес истражниот затвор во кој и јас бев држен една ноќ, по она недоразбирање околу плаќањето на хотелската сметка, откога во Истанбул дојдов по собирот на писателите во Измир, за да ги земам парите испратени од татко ми преку Сити банк.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
По два дена Круме Волнаровски беше приведен во Истражниот затвор.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тешко може да се објасни зошто П. Шатев, кој ги изнесува главните моменти од истражниот затвор, ништо не кажува за другите тројца свои другари.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)