– Знаеш ли ти да ми кажеш како се викала жената на Самоила? – басот на актерот го наполнува обемот на целата кафеанска тераса. – Не знаеш. А оттука си.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ја расплетува бавно, без брзање, рибарската мрежа од синот и му се жали на вчерашниот пренос од пливачкиот маратон на актерот којшто со чивавата во скутот седи до неа: Ништо не додоја на телевизијата од селата, ни Трпејца, ни Пешчани. Само Охрид го дадоја.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)