Така, патем, едни гореле, други бегале, трети умирале или гниеле. оставиле пород, породот се мешал меѓу себем да дојдат нови луѓе, и да дојде тој Богдан Јанков со крв во жилите и на килавиот живописец Јаков и на подвижниот факел во планинската ноќ Круме Арсов.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)