Не да го украдеш, односно да го плагираш, додека уште не е објавено, било да е оригинално или преведено или преработено или компилирано; туку да го побараш во него она што не си го нашол во веќе печатените и прочитаните, да го побараш макар и не го нашол, оној клучен збор со кој ќе ти се објасни сè, ако воопшто го има.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
„... Марк, помогни ми за ова, Марк, ти го знаеш ова најдобро, Марк те молам направи ми услуга ...”, беа клучните зборови на кои не можеше да им одолее.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Мирон Донски, забележувајќи го ефектот од својот клучен збор врз неговата расположба, продолжи: - Голема е вашата заслуга што успеавте не само да ги пренесете туку и да ги средите сиџилите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Клучен збор тука е „црнбел“. Како и многу други новоговорни зборови, и овој има две меѓусебно спротивни значења.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Поради две причини: овој град и оваа култура, баш и не респектирајќи ги мистериите на Другоста, се бескрајно жедни по вакви соголени легитимирања (лична карта, кратка биографија...) Втората причина е што во текстов ги уфрлив следните клучни зборови: Маргина, Лифт, сурфирање, рабови, децентрализација.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)