Притоа воопшто не ми беше намера, без оглед на спротивставените мислења на поединци кои воопшто и не ја прочитале книгата, да ги измешам литературата и филозофијата. 4Кога пишувате книга како оваа, дали ја пишувате исклучиво во однос со собеси или пак таа е наменета за некое читателство? 4Сигурно дека се обраќам кон читатели за кои претпоставувам дека би можеле да помогнат, да ме следат, препознаат, одговорат.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Запишаноста на градот во книжевниот текст, урбаната имагинација врежана во книжевните дела, го открива процесот на раѓање на урбаната поетика.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Значи, сега книжевниот текст се наоѓа на дискета, а не помеѓу кориците на книгата, и тој нужно ги користи софтверските можности на компјутерот за менување на формата, за создавање на нови нарации што ја доведуваат во прашање линеарноста, за менување на рецепцијата.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Француските книжевни текстови на Фаик Коница, пишувани под псевдоним, угледни аполинеристи ќе му ги припишуваат на Алфред Жари!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Таквата контаминација на угледниот филозофски дискурс со книжевен текст што се смета за соблазнителен или опсцен и меѓусебната контаминација на нивните различни правила или начини на пишување, можеа да се причинат како силовити - веќе при самото „обликување на страницата“.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Иако не сум толку пристрасен целосно да ја поддржам изјавата на Филип Рот дека „писателот треба да си пишува приватни писма до себе“, можеби затоа сум убеден дека првичниот, најситен, фрактален импулс за создавање книжевен текст поаѓа од едно определено интимно чувство на авторот (понекогаш запишано во неколку брзи реченици на некое истргнато ливче), дури и кога тоа се формулира во онаа почетна толстоевска максима: Сите среќни семејства личат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)