козји (прид.) - нога (имн.)

Бев сигурен: тој имаше железни заби и козји нозе во старите износени влечки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го виделе: станал и се тетеравел кон некаква крива колиба зад манастирот со чекор како да ги извлекува козјите нозе од глекаво калиште додека мантијата, црно знаме на жив костур, и без ветар потрепетувала.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сомневањата на Доце Срменков и на уште неколцина се разнишале: можеби попот и не запалил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гледај... Од внатрешниот џеб на палтото извади остра кама со дршка од козја нога.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сѐ уште само еден дел на телото се ослободуваа сонот, сатир, се префрла од клепките кон слепоочниците и те стиска со своите козји нозе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Белката на едното око му била темна од крвави жилички, од другото му се цеделе старечки солзи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некои од гонителите што го нашле на дрво притаен како верверица со козји нозе, отишле да спијат, другите што останале и луѓето на Доце Срменков сакале сè да знаат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Човекот ги допре со прстите на танките, козји нозе старите пантофли, се исправи полека и појде кон ќошот на собата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)