На самата помисла дека сега во таа куќа се наоѓа демон со козји рогови и дека, можеби, сонува за пеколот, тој ја загуби сета собрана храброст.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Мене, како на најмал, Чанга ми подари ноже со дршка од козји рог.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
За старецот со козји рогови, за обесената месечина, за детето осудено на доживотна робија, за заблудата на другарот божји кормилар Ноја.“ Човечето се сврте и му рече нешто на Ивана.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Кравата, скокајќи од болка, ја урна оградата и влета во нивата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Еден старец се разбудил со козји рогови.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тој болничар гледаше пред своите нозе и се насмевнуваше, се бореше да не биде откриен како човек што се движи и чини нешто без сопствена и длабока увереност. „Тој се смета за нов Исус и говори дека некој старец се разбудил со козји рогови на челото.“ „Докторе“, се насмевна Отец Симеон. „Можеме ли да разговараме без овие двајца величествени претставници на науката?
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)