Тоа беше еден од ретките случаи кога правната држава профункционира и тоа на штета на трпеливиот. Колатерална штета јебига.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Инаку, Џони беше ситно дилерче на трава што работеше за маалските џандари, но во случајов беше само ебана жртва во акцијата на полицијата. Колатерална штета, јеби га.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Оттаму, мојата врска доктор ме одведе кај професорот да ми се направи една гастроскопија по колоноскопијата, а кога по пат го молев да ми каже колку може да биде болно, тој низ насмевка ми рече дека оваа претстава што бесплатно ја изгледал долго ќе се раскажува по кабинетите и дека лично тој ги сокрил пешкирите со нормална големина и дека оној во костумот бил само колатерална штета.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Налет друго, од СВОЗ-от имаше огромна колатерална штета.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Па така, работничките права се колатерална штета и нивното жртвување се очекува да биде оправдано со астрономски економски раст и благосостојба од која наводно сите ќе имаме бенефит.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Таа го одбива „професионалниот дискурс“ на мажите чиишто умови се користат „во милитаристички цели“ и за „неверојатни апстракции“ од типот - smart bombs, friendly fire, clean bombs, collateral damage (паметни бомби, пријателски оган, чисти бомби, колатерална штета) - поради начинот на којшто го порекнуваат она што е „познато од стварноста“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Кон е заплашена со „огромната деструктивна моќ на јазикот на одбрамбените аналитичари и контролори на оружје“ и со нивниот потполен отпор спрема „емоционалното промашување... масовните убијци, осакатените тела и неискажливото човечко страдање“5 во коешто тој јазик учествува.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Не знам колку време мина
кога сонцето блесна од зад облаците
ги помести, ги разби
маглиштата и талогот
на еднообразноста
дрворедот се озари
доби лик, па одеднаш
некои чудни форми почнаа
да се об-јавуваат пред моите
очи
пред зумот,
пред заумот.
Ми се стори дека
од некаде надоаѓа нешто боготворно
светлината го овозможува
совршенството
но треба да го најдеш
барај
избегни ја судбината на
просечниот
ум, колатералната штета на
непросветленоста.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Работната атмосфера во друштвото беше прилично лоша и напната: претпоставените често знаеја, без никаква причина, да се развикаат на некоја работничка, да ја омаловажат пред нејзините колешки, па дури и да ја расплачат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На Триманова ѝ се зема за грев наводната блискост со нејзината дотогашна претпоставена шефица, која претходно е избркана од работа – по што следува „логички“ расплет и таа да биде истерана од фирмата, како еден вид колатерална штета од целата ситуација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Покрај ова имаше воспоставено и некаква премолчена традиција на класични злоупотреби на законот пред кои замижуваа локалните трудови инспектори – како на пример: Триманова, а и други работнички, преку две годи- ни работеа „на црно“ т.е. непријавени во АВРМ и за ова време 281 немаат никаков платен стаж или, пак, придонеси за осигурување;3 работничките, кои земаа мизерни плати од 6.000 МКД4 – работеа по десет, а понекогаш и по 12 часа, а беа пријавувани дека работат со скратено работно време од само четири часа;5 на вработените, кои работеа и саботи и недели, не им беа исплаќани ниту храна- рина, ниту патарина;6 имаше и малверзации со картиците за евиденција – па така, кога работничките остануваа прекувремено или кога работеа за викенд им беше забранувано да се „откуца- ат“ – што значи нивната работа никаде не се евидентираше, па според тоа и не се плаќаше; законски загарантираната дневна пауза од половина час им беше преполовена и сл.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)