Во почетокот, Ла Ринашенте го дополнуваше нашиот буквар, ги збогатуваше, на чудесен начин, сликите од изградбата на комунистичкиот социјализам во нашите учебници по запознавање на општеството, по географија, по историја, по марксизам, кои им контрастираа на сликите на една капиталистичка земја, посебно со каталогот од модата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Проста е историјата за козите во повоено Скопје, кога новиот комунистички режим од поканетите козари во градот сакаше набрзина да создаде силна работничка класа која требеше да го стаса капитализмот, кој според пресметките на Сталин му бегаше на комунистичкиот социјализам за седумдесет години.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)