Камилски долго молчеше. Немаше конечен одговор.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Добро прашање; и би сакал да можам да дадам толку конечен одговор каков што може да се даде во однос на другите предмети каде што технологијата е појасно определена.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Од највисокото место, од Кабинетот на Водачот, се очекуваше конечниот одговор што да се прави со сиџилите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Симоновиот ракопис е поткопуван од наративот на Агна, на биографијата на Симоновиот предок Никола Поцо, со посредство на историчарот Владе, ѝ се спротивставени наводни историски документи за историјата на селото, а читателот е принуден да го менува мислењето губејќи ја секоја објективна точка на гледање и потпора која може да пружи конечни одговори.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
- Добро, тето, те разбрав. Мојот конечен одговор е да.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Па, Исак, види, јас ќе морам да излезам, имам некои други работи да завршам, имам состаноци еден куп, не можам глава да кренам, види ти што сака таа жена, сослушај ја, запиши, направи да изгледа како да ѝ даваш некој совет, не објаснувај премногу со што се занимаваме, не ѝ давај ниту некаков конечен одговор ... но, знаеш ти како треба, веќе сто пати си го правел истото... биди нежен, ајде, умееш ти со жените, знаеш како да ја сослушаш, знаеш како да ја погледнеш и таа веднаш да се окуражи...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)