Се зарадував што над нив, лета пердувеста и синкава фигура на ангел со гулабови крилја и со мазно лице слично на ќерка му на даночниот инспектор заради која коњичкиот капетан, женски подвижен во полните колкови, минеше двапати дневно низ улицата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Нишајќи ги широките колкови коњичкиот капетан и понатака ја посетуваше улицата, одеше до слепиот ѕид и се враќаше полека со ситни чекори вљубено загледан во тантелите на моминските прозорци.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Овде нема никакви настани. Настани немаше. Коњичкиот капетан го преместија од градот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)