Бојан за миг успеа да забележи сѐ: висока, русокоса, со коњско опавче, шарена маица, сини панталони, бели патики.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Или барем така порано говореа.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Еден по еден почнаа да ни приоѓаат, сите пријателски насмевнати - девојки со коњски опашки и момчиња со нави- фризури - и сите нѐ прашуваа: „Од каде сте?“
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
И жените, држејќи се за узди и за коњски опашки, пред нив и покрај нив - чекор в чекор - одат.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Голема карпа извишена крај езерото: одблизу: бигорлива, издупчена, шуплива; обрастена со ползавци, повит бршлен, драчки и со разни корења испреплетени меѓу себе како човечки жили, кои цврсто се стегаат, се чипчат за каменот ширејќи се и освојувајќи го просторот толку колку што главниот корен успева да се пробие надолу низ тесните пукнатини на карпата, запирајќи го често своето растење и напредување како човек вклештен од неволи и болест; остри тревки како влакна од коњски опашки, се нишаат на ветерот и се стегаат за каменот да не се откинат; а долу во подножјето, каде што езерото плиска и се пика во карпата како јазик во шуплив заб, се нафатиле лишаи, мов, граорчиња, диви лозинки, пршличиња, змиско грозје, василичарки и разни кусовечни тревки и билки што живеат од денес до утре шетајќи со корењата по влажниот камен и цицајќи ја водата што ја стрка езерото.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Море тој на тамбура место жица влакно од коњска опашка врзува.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Мислев дека изгледам обично, всушност и нашата облека беше прилично конвенционална, но беше очигледно дека на нас има “нешто” поради кое сите ѕвереа во нас.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)