краен (прид.) - дестинација (имн.)

Во својата крајна дестинација мисијата Mulligatawny требало да замине за Бугарија кај тамошните партизани.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Мојот живот е една бурна река, што тече од изворот до крајната дестинација.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Од денот кога еден сѐ уште ѝ ја пиеше крвта на другарка ми, друг полека ѝ се вовлекуваше под кожа, со крајна дестинација... е, таму каде што почнуваат нозете да растат, под здолништето.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)