краток (прид.) - секвенција (имн.)

Мора да го гледате спотот (го има на Јутјуб и на ди-ви-дито од Соник јут, „Корпоративен дух“ (Corporate Ghost): спотови, 1990 – 2002) од 2004 година).407 Во контекстот на печатена книга, најмногу што можам да сторам за да го доловам општиот вкус на спотот е ако ставам неколку стоп-кадри од него.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, најинтересна појава во спотов е преувеличената имитација на Џоан Крафорд од пријателката на Марки, Софија Копола, која накратко се појавува во текот на целиот спот во многу кратки секвенции.406 Тешко е да се опишат со зборови точната содржина и тонот на изведбата на Копола, како и особениот впечаток што го остава.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во спотот има исечоци и кадри во кои членовите на групата свират на инструментите (сосе Мур, кој е без маица, а на ќосите, чудесно суви гради му пишува „МИЛДРЕД ПИРС“ со нешто што треба да биде кармин), а тие кадри се изменуваат со швенкови на натписи од киносали, со фарови од кои се гледа ѕвездата на Џоан Крафорд на булеварот Холивуд и со кадри од други локации во и околу Холивуд.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако сакаме да го сфатиме односот на хипстерската стрејт-култура кон Џоан Крафорд и кон нејзината оскаровска улога, многу повеќе ќе научиме ако го разгледаме музичкиот спот на Дејв Марки од 1990 година за песната „Милдред Пирс“ од Соник јут отколку ако се задлабочиме во стиховите од песната на групата од албумот Гу.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Веќе бев слушнал дека тие имаат такви навики, но едноставно не можев да поверувам во таквите приказни, сè додека со свои очи не видов човек како трча низ собата и носи куп гомна и умира од смеа. (...) Тоа лето постојано снимаавме кратки секвенци што подоцна ги искористивме за Девојките од челзи.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но...). (...) Куќите што ги изнајмивме во Провинстаун, Масачусетс, за неколку дена станаа вистинска кочина, и тоа најмногу поради тоа што сите ВЦ-а беа блокирани - изгледа дека тоа секогаш се случуваше кога Велветите беа во близина - така сите почнаа да трчаат низ собите со раце полни со гомна фрлајќи ги низ прозорецот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)