Таму, во Бурели, нѐ однесоа по последните, многу крвави битки на Грамос.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Конкретно, Хаке, преку истражувања и изложби, води крвава битка со мега-компаниите како Калвин Клајн, Мерцедес Бенц и Филип Морис, кои во последно време се и покровители на грандиозни уметнички проекти и изложби по светот, дури и колекционери на дела од современата уметност.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Сфатив дека со молкот и немата загледаност во просторот пред себе си го раскажуваа заеднички изминатиот пат – патот на големите мечти и надежи, патот на изгубената младост во тешките, нерамни и крвави битки, во долгите ноќни маршеви, во студените бункери и земјанки, во болниците и под небото на далечни земји; долг пат што сега е претворен во рој од спомени кои како мониста се нижат на свилен конец.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Најголема група ранети сме примиле почетокот на август 1947 година, по неуспешната и крвава битка за градот Гревена. Некаде околу двесте ранети.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)