Со денови и читам преданија За змевот што летал Над планини и мориња И пак им се вратил На крвавите очи од кои се родил И останал змев за приказ.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
— Кој не може, бре ќерата! — му се оврголи Ѓузепо со крвавите очи, — ај надвор, од кај што си дошол — таму да си одиш! Мадемот твој или мој?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На плоштадот, меѓу сините гулаби, лежеа накострешени стаорци и ги мереа со крвави очи минувачите.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Сака и не може да ги стегне со дланка крвавите очи, тие многу виделе и недогледале се за што природата ги определила: се плаши од допир на една истината лигавост, полжавска смекнатост на крвава белина.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Одвнатре Низ клучалката Упорно кон нас гледа Големо крваво око. Сите нè гледа.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Затоа колоната несигурно одеше и со крваво око го мереше камењарот, сивата свирка на нероденоста, пустошта и голотијата.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Од своето камено гнездо, колку куќа толку кула, без жени и без слуги но со белези што го покажуваат дури и умирањето на бигорот, Селџик-бег ја пречекал мулазимовата заповед со крвави очи и со пушка в раце.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога се пронела непроверена вест дека многумина неверници и неколцина незадоволни Турци се отворено со него, беговите побарале од власта да го смири поетот предавник и мулазимот веднаш испратил кај него двајца суварии да го доведат во управата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Ќе го вратам во Кукулино“, рече Трипун Караѓоз. „Ќе го лекувам, ќе го исправам на нозе.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се споулавувал и не се покорил. Го одврзале од чаркот и кога му помагале да седне и да се смири доколку не сака да го потераат во сургун, повторувал дека ќе им се одмазди на џелатите и дека ќе му ја запали куќата на бегот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Онисифор Проказник имаше крвави очи. За да не гледаат во него, во крвта на тие очи - неколцина ископаа плиток гроб и го припокрија со земја во неколку дни престарениот Неделко Шијак - умре пред самото разденување.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Влажен и помодрен, жив костур со крвави очи, се тресел згрчен на земја и тешко кашлајќи ја повторувал заканата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Му ја поткрена наведнатата глава и му се заѕури во големите крвави очи – Кажувај, бре сине на ѓаволот? Сега пак те поткупија?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)