Како најкарактеристична заемка го истакна зборот сој, со значење род, племе, потекло, сорта (од турскиот збор soy); лагаб, прекар, односно фамилијарно име, со потекло од арапскиот збор lgab; арка, грб, протекција (во преносна смисла), заштита, со честа употреба во балканските јазици (турски arka); евлад, чедо, дете (од арапски evld), дост, пријател (персиски dost), душман, непријател, противник (од персиски dmen),на новогрчки dusmanis, во иста форма и во другите балкански јазици; асија, крвен непријател, од арапски si; кардаш, брат, другар, од турски karda; јаран, пријател и другар, но и љубовник, еквивалентен збор на оваа турска заемка би бил зборот побратим, како и посестрима; јолдаш, и овој збор се употребува со значење на другар, сопатник, пријател, од турски jolda Камилски внимателно и трпеливо го следеше Татковото реферирање на турските заемки за коишто беше задолжен, очекувајќи да ги назначи неподобните, но неговиот избор како да одеше во обратна насока.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Пријатели... „Јанкуло“ , рече Отец Симеон. „Умееш ли да пливаш?“ „Умеам“ , ги отвори очите Јанкуло. „Пливам како што одам.“ Трепкаше и гледаше во сонцето со омраза на крвен непријател.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Татко ги истакнуваше зборовите кои со векови опстанале во балканските јазици, не можејќи да бидат истиснати од нови зборови и сметаше дека на листата треба да бидат истакнати тие зборови, што беше во спротивност со првичната концепција.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)