Не дека не чуле за разочарувањата на трагачите по белосветски тајни ама сакаа лично од Моцарт да чујат како сиве овие векови го поднесува она што му се случува, а пред тоа, како што е редот да не се заборават кредитните картички со кои некако најлесно се купуваат тајните спакувани во црвени шестоаголна кутии на чијшто капак е сликата на Моцарт и со кои најубаво се облажува душата додека се труцкаат на задното седиште на автобусот забревтан кон скривалиштето на новите тајни.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Дом стана сеприсутен збор во секој каталог во секоја маркетиншка кампања. Sony и другите нудат домашна забава, комуникациските компании ви помагаат да останете во контакт, а кредитните картички ви сугерираат дом во странство.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
А тој убав, со прегради, добро организиран, со фотографија од децата и кредитни картички кои имаат улога: од една вадиш, во друга ставаш и обратно.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Само мал број на рекламни пораки се однесуваат на патувања (одмор за телото!), избор на кредитни картички (со кои телото ќе плати сѐ што консумирало) и слично.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И ете те тебе во твојот втор Божиќ: веќе имаш постојана работа, и кредитна картичка, и социјален број, и регулиран престој...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Никој не ти дава кредитна картичка, возиш крш со два милиона пројдени километри, ја трошиш животната уштеѓевина што си ја донел од дома.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)