културен (прид.) - живот (имн.)

Кон крајот на април 1941 година се формирал и Централниот национален комитет составен од лица кои уживале углед во српскиот политички и културен живот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
За од старото Отоманско царство, коешто се гордееше со тоа дека се состои од 72 „зрна просо” (народи, нации во пред- националистичката смисла на тој поим) да се искова нов граѓански идентитет, Ататурк својата нација мораше да ја доведе во спротивност со персиското и арапското наследство коешто доминираше со културниот живот на Отоманското царство.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
По каприц на историјата, овој период на политички пад, го придружува културен живот: поенергичен и попродуктивен, отколку во кој било друг период.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во последните 15 години, музиката престана да биде средиште на човековиот културен живот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Таа треба да усвои слична улога и во поглед на културниот живот воопшто и за книжевноста посебно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но ако оваа борба се води и против вистински уметници, тогаш тоа не е во интерес на културниот живот, веќе и поради тоа што уметниците, каде и да се, се доволно ретки за една земја да може да си дозволи, без културни загуби, да се одрекне од нивното дејствување.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Така, колку повеќе се отуѓуваше од своите колеги на работа што се придржуваа до востановената методологија во практиката и до малограѓанскиот начин на животот, Миха сѐ повеќе се доближуваше до шареновидниот и контроверзен свет на јавниот и културен живот, движејќи се во него како риба одгледана во аквариум, а пуштена во отворени води.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Властите и партијата имаа јасна стратегија: ако на почетокот ги ликвидираат козите на неколкумина интелектуалци, на предни позиции во јавниот и културниот живот, сигурно подоцна ќе биде полесно со простите козари.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Бил на разни функции во општествениот и културниот живот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Учествувал во уредувањето на „Млада литература“, „Књижевна трибина“ и „Културен живот“.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во него ќе соработуваат најголемите светски писатели а влијанието ќе трае 40 години. 1932.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Списанието Mega fono (Мегафон) еден дел од својот број го посветува на анализата на Борхесовото дело.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Помеѓу него и Борхес се воспоставува трајно и искрено пријателство и долгогодишна соработка; заедно ќе напишат бројни книги. 1931. член е на уредувачкиот одбор на списанието Sur (Југ) основано од Викторија Окампо и кое ќе има големо влијание во хиспаноамериканскиот културен живот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ја објавува книгата есеи Дискусија. 1933.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)