Пари нема, а и кога ќе се испросат (што додатно ве отсликува како бедник) и кога ќе го направите тој фамозен културен производ (лош, лош, лош) немате кому да му го потставите, бидејќи ниту некогаш постоела некоја попромислена политика на создавање како на релевантна културна критична маса така и на најобичен културен пазар, ниту сега постои, ниту некој прави сериозни обиди барем во иднина македонецот да се искачи барем за две-три скалила на европските листи на консумирање култура, каде што сме, заедно со Албанија, апсолутно заковани на дното.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Ги нема веќе ни оние ситни бакшиш-пари, интерес за било што малку пософистицирано скоро и да не постои, како впрочем ни никулци од некаков културен пазар.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)