културен (прид.) - продукција (имн.)

Но, ако немилиот настан сепак се случил, ако некому, гледајќи нѐ, му се причинило дека во Македонија постои некаква за спомен вредна културна продукција и нејзина соодветна критика-рефлексија, тогаш најискрено ни е жал.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во една неодамнешна студија за развојната улога што ја одиграле старогрчките математичари со цел да се постигне „предност во војна“, John Onians го разгледува вградувањето на милитаризираната свест во Западната културна продукција.9
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таа безначајна значајност на македонската политичка борба на културната сцена се состои во тоа што: 1. процедурите и настаните во таа борба ги заменуваат и потиснуваат достигнувањата на онаа автономна културна продукција што вака-така е создавана во времето на социјализмот; затоа што 2. замената на културното производство со културнополитичките дебати не е ништо друго туку оживување на идеолошката машинерија на општеството преку интелектуалците кои, по промените од 1989/90, пак ги заземаат оние истите двојни позиции на лојалисти и воедно критичари на власта, позиции што ги заземаше и некогашната интелигенција на просветлениот (СФР)Југословенски социјализам; и конечно 3. затоа што учесниците во актуелните внатремакедонски борби се заправо носители на една иста концепција за култура - а тоа е идејата за „висока култура“ со која се репрезентираат државата и нацијата. Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но, далеку од простото отфрлање на општествените и естетски вредности на западната култура, деструкциската уметност ги разоткрива нејзините структурни принципи.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)