Дали овие нови електронски медиуми ја играат својата иницијациска улога еднакво делотворно како постарите, потрадиционални друштвени мрежи, дали го шират или го стеснуваат достапниот опсег на квир- информации, дали отвораат нови описменителски можности или ги сведуваат геј- културните референции на ограничен збир стереотипи – сето тоа допрва ќе треба да се види.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Пушење требало да се викаат и песната и целиот албум за Гефен рекордс, а на обвивката требало да го има цртежот на Крафорд од Петибон, но Дејвид Гефен ја отфрлил таа идеја, а песната ја скратиле на две минути и ја пренасловиле како „Милдред Пирс“, додека албумот го преименувале во Гу, а за насловната се избрал нов цртеж од Петибон.403
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Соник јут се сосема благонаклонети кон настраното. Во нивните културни референции има многу геј-уметници и дела.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А во 1994 година групата се здоби со геј- бесмртност со песната „Андрогин ум“/Androgynous Mind (од Експериментален џет-сет, треш и без ѕвезда/Experimental Jet Set, Trash and No Star) која – можеби поради почитта кон нивниот неодамна починат штитеник и обожавател Курт Кобејн – му го преосвои Бог на геј-идентитетот:
Еј оди тажен ангел, збори ко жена
Надвор да мисли зошто сѐ е тиња, а не е жена
Ене го клоцнат во стомак, го сјебале, таман толку треба
Ме клекнаа на колена, му бацувам прстен, Бог е љубов
Андрогин ум, андрогин ум
Андрогин ум, андрогин ум
Андрогин ум, андрогин ум
Еј, еј, дал’ си геј?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Според Стиви Шик, „Насловот (на нумерата)... е преземен од една маица на Турстон (Мур, пејачот и гитарист на групата), на која имало илустрација од Рејмон Петибон на холивудската дива Џоан Крафорд во насловната улога на хероината од класичниот филм од црната серија, Милдред Пирс, под која било начкртано „Пушење?“.402
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)