кумановски (прид.) - сокак (имн.)

- За срцебиењето ти кажав. Од другарите добив прекар самотник кој бесцелно талка по кумановските сокаци.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сакаше повторно со кренато чело да зачекори низ кумановските сокаци, безгрижно да се препушти на младоста и убавините со кои беше дарувана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Отпрвин тивко, потоа гласот стануваше сѐ позвучен, разлевајќи се низ кумановските сокаци, допирајќи до ушите на муслиманските верници.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)