Потем ќе требало да се изигра едно оро, за да се сочува здравиот народен дух; потем таа замислила самата да ѝ се обрати на публиката, и да говори за перспективите на народната уметност денес, за лажните и вистински вредности во уметноста; потем рече дека ќе се изведувале рецитации од наши ученици.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Спротивните аргументации не даваат можност да се најде која е најправата и затоа Македонецот решава дека сите се лажни и дека има само една непобитна вистина: Македонците Словени се Македонци и Словени, следствено, треба секој Македонец да ги чува интересите на својата татковина и на својот народ, а не интересите на пропагандите.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
3. немир Но веднаш доаѓа нешто што личи на превез од плач оти е многу густа поплавата од изневерени спомени па долго треба да рониш додека се уловиш себеси – шкољко од премногу лажни и премногу ретки бисери Оти е голем тој град со огромни риби од улици што безредно пловат по немирното езеро од сонце во кое лесно би можел и безразложно да се изгубиш
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Димо пак го направи Бина будала што не зема стотина лири и почна да му докажува и нему, како на неговите старавинци, оти грчка наука е вистинска наука, а бугарската лажна и украдена од грчката.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Јас нема, пречесен, да те убедам дека видението – собитие стварно беше, оти нема да ми веруваш, но душата моја сѐ повеќе смета дека тоа нечестивиот ми испрати ангел лажен, црн, на бело престорен, и дека тоа го стори и како знак на опомена и до тебе, и до царството наше; сѐ почесто си мислам дека тој ангел нечестив предупреда беше, пророштво дека на дворецот твој допрва ангел таков со букви лажни и ука согрешена сосем – ќе дојде.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
На местото кај што се кревал новиот храм се отворила длапка страшна, понор адски, во кој Господ ги собрал црвоточните тела на лажните и алчни богоумјасници, новите Вавилонци.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)