лански (прид.) - година (имн.)

Само толку кажува песната за овие пелистерски јунаци и завршува како што почнува: Ој, Лумане,Лумане, Ој, куче касапско, Не ми ти е ланската година!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Фимка се врати кај Циљка. Дури сега забележа колку е изменета од ланската година кога ја собраа партизанка заедно со сите девојки од селото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Чупалево ќерка ми е, Драганка се вика; мајка ѝ умре ланска година и нејзиниот гроб таму остана, во Солун.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Александар, ланската година заедно со Влатко беше во тимот којшто ја организираше кампањата за регрутација и не можеше да му се доначуди чуму се трошат време и пари на кампања?
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Мето Јовановски Луман арамијата (1954) Скопје CIP 821.163.3-32 ISBN 978-608-240-010-5 COBISS.MK-ID 94426634 0 Ој Лумане, ој, куче касапско, Не ми е ланската година, Да ми шеташ битолската каза, Да ми бериш, море, вергијата, Ој Лумане, ој куче касапско.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ланската година, во пролетта, кога Јаузоските раетини кршеа камен за новата кула Јаузоска, Андон Анѓелов Јанчески, вториот Анѓелов син, бил искачен најгоре на спилата и како што измавнувал со чеканот, однатре од спилата бувот му се џитнал право в лице и додека Андон се тркалал прудолу по спилата, тој, бувот, како од праќа фрлен, се изгубил во шумата под Камен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Памтам, ланската година беше, некаде на Грамос, командирот на четата на сите девојки им даде по парче сапун што го имавме запленето претходниот ден.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И во времето што одмина од ланската година кога ѝ ги собраа трите чеда и им нарамија пушки, таа дури сега, за првпат, се опушти, и олесна и единствена желба ѝ е овој миг да потрае, да се одолжи во денови и да се развлече во години.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)