Тука беше стариот мудур, ќатипот, мулазимот, коџабашијата Лесната, Колобан, Младин, Чкулот, Мисирлијата и поп Петко — на крајниот лев агол, додека од двете страни на сцената стоеја даскалите со дедот поп Глигорија.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Преку прозорците се спуштаа тешки, кадифени пердиња, а долу во левиот агол од одајата стоеше исправено големо тркалезно венецијанско огледало, ишарено по рабовите со чудни шари, купено од Куршумли-ан во Скопје, од трговците што доаѓаат да тргуваат таму дури од Дубровник.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сензибилниот слух на поетот сепак регистрира придушен кикот во левиот агол, од каде шепоти брадлестиот: „Гледај го...татино синче...поетот со тенки живци...несреќниот Едипчо...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Но “анаморфотички”, од левиот агол на сликата ви висина на очите гледаме лице на нерасположено бебе.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Тоа несомнено беше торбичката на мојата роднина Емилија: на неа имаше иницијал Е, на кој долното цртиче му беше малку поткршено, синџирчето што служеше како рачка на исто место беше скинато, па потоа лепено со калај, во левиот агол неколку алки недостигаа.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Евтина светкава дискотопка се вртеше во средината на салата, а кога очите му се навикнаа на темнината, тој виде дека местото е полно со мажи, сите седнати по двајца-тројца во сепареа слични на нивните.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Братучед му добро го познаваше местото – самоуверено влезе и седна на една празна маса во темно и зачадено сепаре во левиот агол.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Адресата во горниот лев агол беше од брат му Ташку кој живееше во Филаделфија, Пенсилванија.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Погледни – ми покажа во левиот агол од неговиот килим.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Види ја, на пример, оваа ѕвезда горе, во левиот агол и птицата што е над неа! Ја гледаш?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Или тоа е свесен протест, чија сурова симболика е очигледна? - се прашуваше новинарот, од малата фотографија во горниот лев агол од текстот, што и покрај дебелите очила и насмевката, или токму поради нив, делуваше одбивно.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Дома, во брлогот за спиење во левиот агол зад вратата се прибираше дури во самата темна ноќ.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
- Знаеш и да се смееш! - се изненадив, но не се шегував.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Ова е идеално катче за живуркање на мојата молчелива судбина - ми се довери пријателот Господ тоа претпладне (зарем ова не се случи поминатата недела иако има поминато којзнае колку месеци?) и кај косината помеѓу левиот агол на неговта уста и носот заигра една испокината линија што зачас се смири.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)