Го остави северниот крај слободен, не за да го пушти Толета да избега, ами да му го поттера на оние јузбашии, што исто така ноќта ја навртеа војската на дветри стотини метра до селцето и залегнаа на пусија во густите смреки и грмушки од Никулица, Нежилово и Клен за да го дочекаат скриени зад карпите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Од Крушевица негова дотрча братучед му Петко и се му раскажа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Толе направи неколку кражби по левиот брег на Црна сам.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Разбиената лани Организација почна да се созема.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Нека кршка, нека кршка, Неговиот правец е преку река, — им рече тој на јузбашиите и прати едно одделение да ги извести оние јузбашии, што беа по левиот брег на реката за да се приберат кон селата Вепрчани и Гудјаково и да го чекаат арамбашата Толета со неговата дружина.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Остави тројца јузбашии со петстотини војници по левиот брег, а сам тој со двајца и толку аскер почна систематски да ги претресува селата и планините по десниот брег. Му се придружи и витолишкиот јузбашија со стотина војници и положбата на Толета се влоши.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Откако ги претресе селата по левиот брег на Црна, дојде редот и на Толевиот „пашалук" — старо Мариово, по десниот брег на Црна.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И вистина, зар ќе се реши еден искрен патриот Македонец да ги жртвува: Костур, Лерин, Битола, Охрид, Ресен, Прилеп, Велес, Тетово, Скопје и др. за соединувањето на Македонија до левиот брег на Вардар со Бугарија?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Големото сајмиште, сместено на левиот брег на ректа Марица, се раширило веќе на нешто повеќе од 500.000 квадратни метри.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Долу, во дворот се собраа работниците и откако си ги прибраа алатите, тргнаа, по левиот брег на Вардар, кон колибите.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сефардските Евреи, доселени во оваа маало уште во средниот век, го носеле со себе и во себе јудеошпанскиот или ладино-јазикот, старошпанскиот јазик од времето на Колумбо и Сервантес.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се најдоа чекорејќи крај левиот брег на реката пред белото, прекрасно здание на Театарот, со мал цветен парк изграден пред војната во псевдокласичен стил, небаре пресаден од Виена или Париз, се најдоа во срцето на некогашното Еврејско Маало (на сефардски la male).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Маестралното здание на Театарот контрастираше со архаичното дрвено мовче, познато како Еврејски мост, што некогаш ги поврзуваше најстарите еврејски доселеници на двата брега на реката.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Просторот на еврејското la male, со облик на триаголник се спушташе кон реката Вардар, но самото маало не достигаше до левиот брег.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ќе речеше: „Два волка заклале срна на левиот брег на реката Ломиа, а од нејзината последна издишка се овие светликави пенушки врз далгите.“
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Се сретнувавме само неколкупати во годината и навраќавме во кафеаната Меркез на левиот брег на Вардар, за мене од онаа страна на стариот камен мост, пушевме и пиевме според расположеноста, тој најмногу чај во проѕирна чаша со позлатен раб.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Процесот на словенското раселување започнува во IV век и веќе до VI век Словените се населиле на левиот брег на Дунав и станале соседи на Византија која владеела со Балканскиот Полуостров.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Едното на левиот брег од реката, другото на десниот.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
На левиот брег живее Даме. На десниот брег живее Младен.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Таа мисла ја прифатија селата по левиот брег на Црна таканареченото Мало Мариово, но оние по десниот брег – Старомариовците – решија да се бранат од силата со сила.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
На левиот брег живее Даме. На десниот брег живее Младен.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
А на прозорците - две деца. Едното на левиот брег од реката, другото на десниот.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)