Без команда се оддели од своето одделение и летна кон мене. Проклет да бидам летна.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Иако имаше многу нешта да се сторат околу колибата, да се прибере стоката, да се затворат вратите, Бојан остави сè и побрз од луњата летна кон шаторите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И веќе во следниот миг, гонет од тој свој необјаснив порив, што го гонеше да се бори со Јурукот, со волците, со болештините, да фрла камења, да збодина како одврзан коњ, па преку папратот, па преку доловите и ридиштата летна кон Орелска Чука...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Самиот тој се фрли на коњот и летна кон бојното поле.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)