Тоа го вбројуваше во побитните членови на секретаријатот и донекаде го пласираше во повисоките ешалони на локалната власт.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Биле формирани: градско собрание од 60 истакнати граѓани на Крушево и Привремен совет (Дино Ванѓел, претседател, Ѓорѓи Чаче, секретар, Теохар Ќурчиев, Димитар Секулов и Николаќи Баљу).
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
По ослободувањето на градот штабот на Горското началство (Никола Карев, Томо Никлев, Тодор Христов и Антигон Хаџов) се зафатиле со уредување на локалната власт.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Се обидуваше својата вистина да ја прошири до тогашните локални власти, па до министрите, до монархот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Преостануваше во меѓувреме локалните власти сами да решат што да се преземе против Чанга и против козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Денес таа работи на позиција дактилограф- администратор во Одделението за водовод, кое според систематизацијата на работните места носеше вкупно 802 бода (вредноста на бодот е утврдена на 12,5 денари).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во ЈКП „Дервен“ – кадешто работат преку 250 вработени првенствено по партиска линија, во зависност од која која од двете најголеми партии ќе ја освои локалната власт – денес постојат два синдиката во кој своеволно и на недемократски начин е поставено раководството – кое само ги информира своите членови за направениот избор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Државна служба се органите на државната и локалната власт и другите државни органи, основани согласно со Уставот и закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Архивскиот број под кои е заведен предметот во Основниот суд Скопје I – Скопје, и покрај сите наши обиди и инсистирања, не успеавме да го пронајдеме. 2. Според чл. 3 од нашиот ЗДС (2000) – којшто досега е менуван и дополнуван 18 пати (!?) – под државен службеник во смисла на овој закон се подразбира лице вработено во државната служба кое врши стручни, нормативно-правни, извршни, управни, управно-надзор- ни, плански, материјално-финансиски, сметководствени, инфор- матички и други работи од надлежност на органот во согласност со Уставот и со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)